Фудбалерот Дејвид Бекам ќе лансира нова линија долна облека пред Божик, пренеле британските медиуми. Модната марка ‘H&M’ наводно планирала на пазарот да исфрли уште една линија долна облека на фудбалерот кој има четири деца со поранешната пејачка и модна дизајнерка Викторија, и кој неодамна изјавил дека ужива да работи на своите колекции.

Тој рекол дека облеката е целосно во негов дизајн и дека тоа е нешто што сака да го носи. Бекам рекол дека заедно со тим дизајнери работи на тоа производот да биде квалитетен и удобен за носење, и дека тоа е нешто што тој самиот би го носел и би бил горд кога производот би го носел неговото име.