Популарниот фудбалер Дејвид Бекам на својот фејсбук профил објавил фотографии со својата нова тетоважа со религиозни мотиви. Славниот фудбалер е голем обожавател на тетоважите, па неодамна го украсил своето тело со уште една, на левата страна на телото помеѓу градите и рамото.


Тетоважата го прикажува Исус кој држи три ангели, а Дејвид истакнал дека тетоважата ги симболизира него и неговите синови Бруклин, Ромео и Круз. Неговата сопруга Викторија моментално е во четвртиот месец на бременоста, и сеуште не се знае полот на детето. После трите сина славниот пар се надева дека конечно ќе добие девојче.