На десната страна на слабината, Дејвид Бекам има истетовирано црно-бел Исус Христос. Новата тетоважа ја покажал по победата на неговиот Милан против Јувентус во Торино. Неговата сопруга Викторија Бекам смета дека тој повеќе не би требало да се тетовира, бидејќи се плаши дека станал зависен од тоа.


Првата тетоважа ја направил по раѓањето на првиот син Бруклин, чие име го истетовирал на својот грб. Потоа истетовирал ангел и крст, а потоа ставил тетоважи кои претставуваат важни моменти во неговата фудбалска кариера.