Дејвид Бекам ги открил негативните страни на својата слава. Тој е познат и богат, но немал многу пријатели. Бекам изјавил дека со тек на времето кругот од 20 добри пријатели се намалил на само три навистина добри другари. За сега, покрај сопругата Викторија и нивните четири деца тоа му било сосем доволно да биде задоволен.
Тој не објаснил дали самиот го стеснал кругот на пријатели или тие го напуштале со текот на времето во кое станал многу славен. Изјавил дека имал пријатели во различните клубови во кои настапувал, но семејството било најважно за него. Додал дека имал четири деца, родители, дедовци и баби и три навистина добри другари. Тоа му било сосем доволно и според него подобро е да има три навистина добри пријатели, отколку 20 добри.