Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам уште еднаш покажа колкаво значење има семејството во неговиот живот. Бидејќи е познат и како голем обожавател на тетоважите со кои ги обележува важните животни моменти, Бекам неодамна на својата дланка истетовира слика која ја нацрта неговата ќерка Харпер. Викторија, покрај фотографијата која ја подели на Инстаграм, напиша дека Харпер и вистински мал уметник. Со истата фотографија се пофали и Дејвид. Имено, станува збор за тетоважа која ја дизајнира неговата четиригодишна ќерка Харпер, а која најде место на неговата дланка.

 

За само шест часа откако ја подели фотографијата, Бекам собра речиси 300 илјади лајкови. На вратот веќе има две тетоважи посветени на својата ќерка, а долниот дел од неговиот грб го краси името на неговиот најстар син Бруклин кој има 16 години. Веднаш над него е името на средниот син Ромео, а името на најмладиот Круз е под тетоважата со мотив на ангел на грбот.