Британските медиуми го нарекле Дејвид Бекам „пријател на улиците“ откако славниот фудбалер му помогнал на еден возач кој со автомобил запрел по дождот на автопатот. Кога го видел возачот во невоља на една прометна крстосница, Бекам запрел и му погнал на човекот да го турне автомобилот во кој биле неговите две деца.


Возачот не го препознал веднаш долгогодишниот англиски репрезентативец, но кога сватил која е личноста која му помага, се јавил во BBC и раскажал за доброто дело на фудбалерот. Тој раскажал како автомобилот му застанал на сред сообраќајна гужва, но никој не застанувал да му помогне. По десетина минути запрел еден автомобил од кој излегол еден човек, за кој кога се приближил сватил дека е Дејвид Бекам.