Дејвид Бекам овој викенд со раскошна прослава во Маракеш го обележа својот јубилеен 40. роденден. Уживал со семејството, а гордата сопруга Викторија некои од најубавите моменти ги подели на Инстаграм. На импозантната листа гости се најдоа многу славни фаци како Ева Лонгорија, но најголемо внимание привлекло своевидното обединување на легендарниот женски бенд ‘Spice Girls’.
На роденденската прослава се појавија и Гери Халивел, Ема Бантон, Мел Си и се разбира, неговата сопруга Викторија Бекам. Недостигала единствено Мел Би, но девојките се снашле и со тој проблем. Со девојките се фотографирала згодната Ева Лонгорија, која на својот Инстаграм профил се пофали дека стана новата „spice girl“. Екипата во Маракеш очигледно одлично се забавувала, од поранешните спајсици па се до најстариот син Бруклин, кој во последно време се почесто се забавува со славните фаци.