Иако медиумите шпекулирале дека Дејвид го избрал средното име на својата ќерка Харпер Севен Бекам според бројот кој го носел на дресот во Манчестер Јунајтед, фудбалерот открил дека постојат и други причини за таа одлука.Иако било јасно дека првото име, Харпер, е избрано бидејќи претставува старо англиско име кое Викторија многу го сака, сепак дилема останала за изборот на средното име, Севен.


Во новата снимка која ја поставил на својот фејсбук профил, Дејвид ги разрешил сите нејаснотии. Тој објаснил дека освен бројот на дресот кој го носел, Севен односно седум е број кој го симболизира духовното совршенство, а и во многу култури претставувал среќен број. Исто така постојат и седум светски чуда, како и седум бои во виножитото, објаснил Дејвид.