Викторија Бекам платила околу 2000 долари за булдог со педигре и му го подарила на својот сопруг за Божиќ. Еден од пријателите на парот рекол дека ја одбрала токму таа раса бидејќи најмногу го симболизира духот на Дејвид кога се наоѓа на фудбалските терени. Кучето сеуште не добило име, а во Америка ќе пристигне дури по празниците.


Дејвид Бекам веќе има два ротфајлери кои ги нарекол Снупи и Паф, по своите најдраги рапери. Семејството Бекам сакало да го прослави Божиќ традиционално, па Дејвид за синовите нарачал вештачки снег. Празникот го прославиле во Англија.