Дејвид Бекам ке ја потпише линијата за долна облека која од февруари ќе се продава во стоковните куќи “H&M”. Се очекува колекцијата да стане достапна на денот на вљубените. Бекам изјавил дека оваа година развивал сопствена линија долна облека со неговиот тим и бил исклучително задоволен од она што го дизајнирале и што го направиле.
Во “H&M” се среќни што во своите редови на познати личности кои креираат за нив го привлекле и Бекам. На почетокот на годинава тој и неговиот бизнис партнер Сајмон Фулер, творец на емисијата „Идол“, соопштиле дека планираат да направат долна облека која ќе ја дизајнира Бекам, а тоа било поттикнато од успешната соработка на фудбалерот со модната куќа Армани.