Охриѓанецот, Дејан Пановски, повеќе не е државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Владејачката партија во Македонија, ВМРО-ДПНЕ смета дека Пановски е соодветен кадар за водите, а како што рече на денешната средба со новинарите, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Владо Стефаноски, тој ќе ја добие функцијата државен советник за води. Пановски е длабоко посветен на идејата за заштита на Охридското Езеро и се очекува, наскоро,  тој на започне со новата работа, изјави Стефаноски. 

Мојата работа останува иста-во доменот на заштитата на водите. Канцеларијата ќе биде во старото Светиклиментово училиште во Охрид, а од самиот старт во работењето, главната задача ќе ни биде реализирањето на активностите преземени од последниот состанок во Поградец кога македонската страна го презеде управувањето со  Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, изјави Пановски за Ohridnews. 

Дипломираниот географ, Дејан Пановски, пред да биде именуван за државен секретар за животна средина беше раководител на Проектот за заштита на Охридското Езеро.

Местото државен советник  за води е предвидено со систематизацијата во Министерството за животна средина и просторно планирање.

А.Ристоска