Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Сречко Катанец го објави списокот на играчи за пријателскиот натпревар со Црна Гора што ќе се одигра на 19.Ноември (18ч.) во Подгорица:

ГОЛМАНИ
Милошевски Петар , Пачовски Томе

ОДБРАНА

Митрески Игор, Лазаревски Владе, Васоски Александар, Новески Николче,  Грнчаров Бобан, Мојсов Даниел, Попов Горан

СРЕДЕН РЕД
Шумуликоски Величе,Грозданоски Влатко, Тасевски Дарко, Трајанов Ванчо, Милошевски Дејан

НАПАД
Пандев горан, Мазнов Горан , Наумоски Илчо, Стојков Ацо

Собирот ке биде во Хотел Црна Гора –Подгорица НА 17.11 во 13:00ч.

Една новина во ростерот на Катанец

На списокот има само едно ново име, тоа е Дејан Милошевски, играч кој според информациите треба да го видиме, бидејќи сакаме да ја зголемиме конкуренцијата во средниот ред пред продолжението на квалификациите за СП 2010 .

Што се однесува до останатите промени на списокот, се одлучив на таков чекор бидејќи сакам да видам во одбраната како функционираат некои од играчите кои се подолго време со нас како Грнчаров, Мојсов, а на официјални средби досега не добија шанси.

Васоски е со нас бидејќи сигурно е иднина на репрезентацијата и очекувам неговиот камбек особено напролет да биде на репрезентативно ниво што ќе биде многу драгоцено за нас.

Селекторот го поштеди Седлоски

Што се однесува до капитенот, Седлоски одигра многу натпревари за репрезентацијата. Разговарав со него. Тоа е пријателски натпревар и не би било коректно еден таков играч да седи на клупа или на трибини. Ова не треба да се сфати никако поинаку бидејќи сите играчи се во комбинација за официјалните квалификациски натпревари.

извор ФФМ