Најстарото шампањско на светот, во шишиња стари два века кои биле пронајдени во остатоците на брод на дното на Балтичкото Море, било дегустирано во Финска. Шампањското на производителот Вев-Кликоа имало многу малку меурчиња и го карактеризирал многу јак и остар мирис.
Од компанијата најпрво демантирале дека се работи за нивни производ, но потоа потврдиле дека неколку од 1868 најдени шишиња се од нивно производство. На свечената дегустација присуствувале стотина љубители на виното и новинари. Одлично сочуваните шишиња најверојатно се дел од бродот кој носел подароци за руското кралство од страна на францускиот крал Луј Шеснаесетти.