Европската куќа на фудбалот (УЕФА) веднаш после извлекување на домаќините во бараж натпреварите за пласман на Европското првенство ги објави термините по кои ќе се играат мечевите.

Македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето од бараж турнирот во Д групата од Лигата на Нации силите ќе ги одмери со Косово во Скопје. Иако постоеше опција мечот да се игра во Струмица на Стадионот „Младост“, дуелот ќе се игра на нашата најголема арена „Тодор Проевски“.

Бараж средбата ќе се игра на 26 март со почеток во 20 часот и 45 минути. Доколку, Македонија го победи Косово и се пласира во финалето билетот за ЕП ќе го брка на гостински терен кај подобриот од Грузија – Белорусија.

OhridNews