Организациониот одбор на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2015“ пред самата завршница го дефинираше наградниот фонд кој изнесува 120 000 денари.


Победникот на турнирот ќе освои 70 000 денари, поразениот во финалето ќе инкасира 30 000 денари, третопласираниот 15 000 денари додека четврто 5 000 денари.

Поединечни награди се обезбедени за најдобриот играч и најдобриот голман на турнирот.

Ohridnews