МЈП “Проаква“ ги известува корисниците дека водоснабдувањето на улиците Андреја Јованоски, Прва Македонска Ударна Бригада, Марко Цепенко, 15-ти Корпус, Александар Турунџе и Живко Чинго, е со намален притисок.
Бидејќи се работи за поголем дефект на главната доводна линија за средна зона на градот, жителите од овие улици дополнително ќе бидат известени кога водоснабдувањето ќе се нормализира. Изведувач на активностите за отстранување на дефектот е конзорциумот Беб-Емит Илинден, соопчти “Проаква“.