Поради дефект на водоводната мрежа, во близина на полициската станица во Пештани, без вода за пиење попладнево останаа жителите на ова населено место.
Екипи на Водовод Охрид работат на отрстранување на дефектот. Се очекува до полноќ да биде нормализирано водоснабдувањето во Пештани, информираат од МЈП Проаква.