ЈП “Водовод” – Охрид информира дека вчера, во раните утрински часови настанал дефект на водоводната линија во населбата „Гоце Делчев“ (Бараки), на улицата “АРМ” при што без довод на вода за пиење се четиринаесеттина домаќинства во истата населба.

-Врз водоводната линија каде што е настанат дефектот е изграден објект за домување и гаража со потпорни ѕидови со голема височина и габарит при што е оневозможена брза интервенција за отстранување на дефектот. Стручните екипи на ЈП “Водовод” – Охрид се на терен. Во овој момент половина од домаќинствата добија вода за пиење, останува во наредните неколку часа да се реши снабдувањето со вода на останатите домаќинства, што зависи од условите на теренот и пристапот до цевката. – информира ЈП „Водовод“.

Од јавното претпихатие укажуваат дека врз останатиот дел од водоводната линија во овој дел од населбата се изградени објекти и потпорни ѕидови со голема височина (до 4 м) и габарит, а поради специфичноста на теренот доаѓа до чести дефекти на истата при што е оневозможена интервенција од изградените објекти и потпорни ѕидови. Поради тоа ЈП „Водовод“ предлага да се изврши дислокација на водоводната линија како би се добило квалитетно и редовно водоснабдување на населбата, како и лесно одржување на самата линија.

OhridNews
фото: Архива