На вратата од тоалетот во Центарот за култура регистриравме интересен натпис: WC-то не работи, па објаснување дека има дефект.


дефект или нема вода?

Тоалетот е надвор од употреба од минатата недела кога МЈП „Проаква“ ја искучи водата во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ поради неплатен долг за потрошена вода. Националната установа е една од неколкуте државни институции во Охрид кои останаа без вода во војната помеѓу „Проаква“ и ЕВН за наплата на долговите, Има ли навистина дефект на тоалетот во Центарот за култура или нема вода ? Сеедно. Тој е надвор од употреба, а посетителите мора да се снаоѓаат на „традиционален“ начин во блиската околина.

ohridnews