DEEPER UNDERGROUND FESTIVAL со MEDUZA, LTJ BUKEM X RONI SIZE X MC Dynamite и ARTBAT во Охрид

Од 14 до 16 август на просторот на поранешната касарна во Охрид ќе се одржи„DEEPER UNDERGROUND FESTIVAL“, најави „Авалон“ продукција.

Капацитетот е адаптиран по протоколите за само 3.000 посетители од вечер, што е 20% од капацитетот во Касарна, велат од 2Авалон“.

На фестивалот ќе настапат светски познати house, d’n’b и techno сцената: добитникот на Греми награда Dj Meduza (14.07.), LTJ BUKEM X RONI SIZE X MC Dynamite (15.07.) и Artbat (16.07.).

Се работи за настан кој е вистинска реткост. Вакви три имиња да може да ги видиме за лимитиран број на публика од само 3.000 посетители по вечер, на капацитет од 15.000 посетители, што овозможува да бидат опфатени и реализирани сите мерки за заштита пропишани од протоколите за open air настани коишто ги изработија Авалон продукција и Министерството за здравство. Тоа значи дека секое друштво кое ќе присуствува на настаните, ќе мора да држи физичка дистанца од друго друштво, што нема да претставува проблем, со оглед на тоа дека капацитетот на локацијата е со 15.000 посетители. – велат од „Авалон“.

Секој посетител со секоја купена карта добива специјална маска со логото на Авалон Продукција при влез, која задолжително ќе треба да ја носи за времетраењето на настанот.

Влезниците по цена од 1.200 ден за една вечер и блок влезници по цена од само 1.990 денари за сите три дена, ќе бидат во продажба од четврток (30.07) од 09 часот наутро и тоа онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија.

OhridNews