Бугарските власти од денес воведуваат плата за бабите и дедовците кои ќе ги чуваат своите внучиња, со што ќе се придонесе за зголемување на наталитетот кој е меѓу најниските во земјите од европската унија.


Од оваа година, баба или дедо кој ќе го чува своето внуче ќе може да прима дополнителен износ од 120 евра до третата година на детето.

Бугарија имаше најниска стапка на наталитет во ЕУ, 5 промили за 2007 година, според податоците од европската статистичка агенција.