Седумдесетиосумгодишен малезиец, неговиот триесетипетгодишен син и дваесетиосумгодишен внук се венчале на тројна церемонија одржана во едно село во државата Селангор. Сопругата му починала пред шест месеци и останал сам како најстар човек во селото. На оваа венчавка го наговориле децата. Тој имал осум деца, 26 внуци и 11 правнуци.


Минатата седмица склопил брак со 70-годишната Савија Аванг. Сите три венчавки биле извршени благодарение на услугите на брачните посредници, што е многу популарна појава во помалите градови во оваа претежно муслиманска земја.