Еден Холанѓанец се обидел да прокриумчари шест килограми кокаин скриен во портокали, а италијанската полиција која ја открила измамата ја убедувал дека мора да зема големи количини витамин Ц.
Полицијата на римскиот аеродром го уапсила 76-годишниот патник кој летал од Буенос Аирес и требало да продолжи до Холандија. Тој ги издлабил портокалите и ги наполнил со кокаин. Дрогата на пазарот вредела околу 5 милиони евра.