Шведскиот суд го осудил на три месеци затвор човекот кој го пријавил бившиот зет во Федералното истражно биро како припадник на Ал-Каеда.
Леиф Холм признал дека испратил меил до ФБИ , но не верувал дека американските власт се толку „глупави“ да поверуваат во неговата приказна. Холм на бившиот зет ќе мора да му исплати и 60.000 круни (6.337 евра) отштета.
Зетот, на возраст од 40 години, во 2006 година бил во бракоразводна парница со својата жена. Неговата жена, која во тоа време била болна, сакала да го спречи службено да отпатува во САД, сметајќи дека треба да се грижи за нивните деца. Сопругот одбил да остане, а таткото на жената испратил мејл до ФБИ во кој навел дека неговиот зет е поврзан со шведскиот огранок на Ал-Каеда и дека патува во САД да се сретне со човек за врска.. По доаѓањето на Флорида, зетот непријатно бил изненаден кога веднаш по доаѓањето го уапсиле и веќе утредента бил вратен во Европа.
ohridnews