Анонимен британски старец се влечел со својот скутер за неподвижни крај забрзани камиони и автомобили. Возачите го забележале 89-годишникот на траката за застанување како вози 13 км на час. Покрај него минувале возила кои се движеле преку 110 км на час. Конечно полицајците го сопреле и го однеле дома.


Еден од возачите изјавил дека старецот бил тотално изгубен и преплашен. Среќа е што полицијата го собрала пред да се случи каква било несреќа. Старецот тргнал да купи весник, свртел погрешно и завршил на автопатот.