За кинезот Лиу Сијанпинг не може да се каже дека е обичен старец, бидејќи тој, иако има 72 години, е главен манекен на сајтот за онлајн продажба на облека кој го креирала неговата внука. Според пишувањето на медиумите, тој позирал во модерна облека, со перики на главата и некои женски додадоци, а всушност се започнало како шега.
Неговата внука објаснила дека и помагал да ја распакова облеката. Почнал да облекува некои парчиња. Било интересно па го фотографирала. Фотографиите ги поставила на интернет каде доживеале голема популарност. Облеката му прилегала совршено, па така станал „заштитно лице“ за кампањата. Дедото рекол дека сака да и помогне на внуката, дека му било многу забавно и дека немал што да изгуби. Заклучил дека е стар и единствено важно му било да биде среќен.