Најпознатиот детски миленик, Дедо Мраз, подготвува големо изненадување за најмалите охриѓани. Тој на дневната, детската забава што ќе се одржи  на 31-ви декември, ќе пристигне со падобран.

Организаторите најавија дека подготвуваат и голем број други изненадувања за најмладите, и се надеваат дека времето ќе ги послужи за да ги реализираат најавените активности.

Предвидено е на 31-ви декември во Охрид да има целодневна забава на градскиот плоштад, која ќе кулминира на полноќ со голем огномет.

OhridNews