Најголемиот Дедо Мраз на светот, односно неговата скулптура од мраз, свечено е прикажана во Кина.

Скулптурата висока 160 метри е централен експонат на светски познатиот фестивал на мразот во северниот кинески град Харбин, каде температурите во зимските месеци се спуштаат дури на 35Ц степени под нулата.


Сепак невообичаено високите температури за овој период од годината ја отежнале изработката на скулптурите, во чиј центар е огромното лице на Дедо Мраз, со брада и капа.

Се очекува фестивалот, кој трае до почетокот на февруари и да го посетат околу 800 000 туристи.