Поради слабите финансии (од година во година се` понизок стандард) реална претпоставка е дека најголем број охриѓани за Нова Година ќе си бидат дома. Или евентуално на некое јавно прославување на отворено (на Плоштад, да речеме). Сепак, ме интересираше и покрај помалку депласираното „славење“ или дочек на Нова Година, колку пари треба да се издвојат за новогодишно украсување на домот, во најскромна варијанта – украсување елка.
Еве ја сметката (по претпоставка дека немате елка и лампиони од лани):
ЕЛКА – 800 денари
ЛАМПИОНИ (20) – 20 денари пар.
СИЈАЛИЦИ 120 ден.
БАЛОНИ (20) – 5 денари пар.
ЧЕСТИТКИ (10) – 10 денари пар.
ПРСКАЛИЦИ (2) – 20 денари кутија
Вкупно: 1560 ден.
Бети и Бети пред своите тезги. „Слабо е. Ќе биде подобро“
Продавачите во чаршијата велат дека секоја година е се` послабо, но се надеваат на подобар промет од 25-ти па до 30-ти. Најмногу се трошеле украсни сијалички и балони. Често децата барале и петарди, но сите тезгари до еден тврдат дека НЕ продаваат петарди – ниту под рака, а камо ли јавно – забрането е!
Барани се и фигури од Дедо Мраз, а ги има во најразлични големини – од неколку сантиметри до неколку метри висина. И со различна цена. Дедо Мразот о 3 ипол метри „набавен“ во Грција чини 6000 денари. Сопственичката на дуќанот го поставила за да привлече внимание, не верува дека ќе го купи некој.
С. Костоски