Дедо Мраз е најпопуларен во финската област Лапонија  каде божиќните и новогодишните празници ќе ги поминат десетици илјади туристи од целиот свет.

Почнувајќи од наредниот викенд, па се до средината на јануари се очекува доаѓање на 120.000 фински и странски гости, љубители на белите степи, ирвасите, поларната светлина, и ателјеата каде се прават играчки, изјавил Тула Ринтала Гардин од канцеларијата за туризам на Рованијеми, престолнината на финска Лапонија.

Рованијеми чиј аеродром е изграден во подрачјето каде „официјално“ живее Дедо Мраз ќе прифати повеќе од 50.000 туристи.

Јасминка Т. Момироска