Како во некоја зафрлена паланка. Најобични тезги покриени со картон (а не се евтино платени, 5000 денари кирија за еден месец), на кои нема ништо посебно – џиџимиџи. Вака Охрид се „спрема“ за Нова Година. Чаршијата (освен неколку дуќани) воопшто не одишува новогодишно. Нема сплет од разнобојни светилки, нема елка на плоштадот… можеби е рано, што знам!?

„Немаат луѓето пари. Секоја година се послабо и послабо е!“ – се жалат продавачите, на кои единствено на рака им оди само убавото и невообичаено топло време за овој период на годината – барем не се смрзнуваат. Граѓаните доаѓаат до тезгите, ќе разгледаат минута – две и заминуваат. Робата слабо се троши. Ни разгледници веќе не се купуваат како порано. Транзиционата „челуст“ гризе ли гризе… ги изгриза и убавите желби.

Иако сме најзадолжена општина во земјата, сепак треба да се потроши некој денар за украсување на градот. Ќе дојде и по некој турист, што ќе помисли за нас. Во продолжение слика од Прага – како изгледа пред Божик. Блазе си им.

 
Прага

С. Костоски