Британските Дедо Мразовци останале збунети од барањата на модерните деца кои се почесто бараат технологија и сега тие мораат да одат на брзи курсеви за да можат да се разберат со децата. Постојат повеќе од 40 илјади апарати во продажба, а децата ќе ги бараат повеќето од нив.
Тие на курсевите ќе учат стручни изрази за да можат полесно да ги разберат децата. Во секој случај би изгледало многу депресивно доколку Дедо Мраз не знае што му бара детето. Било многу полесно додека децата барале монопол или пак автомобили играчки.