Австралискиот професор Натан Грилс од универзитетот Монаш тврди дека традиционалното прикажување на дебелиот Дедо Мраз, кој обожава да се напие и најаде, не е најдобар пример за здравиот живот на младите. Доколку популарниот Дедо Мраз би ширел порака за здрав живот, тоа би било многу ефикасен начин за ширење на позитивни пораки за прехраната и начинот на живот.
Но со неговиот лик многу често се рекламираат нездрави безалкохолни пијалаци, и многу често може да се забележи како пуши луле. Поттикнува и возење под дејство на алкохол поради обичајот да му се остава шише ракија под елката за да го продолжи патувањето среќно.