Во Охрид полека се подгева празничната атмосфера. Дедомразовци шетаат низ чаршијата, а на плоштадот кај Чинарот поставени се првите новогодишни тезги.
Прв среќата си ја испроба Муса Куртиши кој веќе ги продаде првите честитки.
-Цените се различни, има честитки од 10 до 50 денари, за сечиј џеб, вели Муса. Тој се надева дека годинава продажбата на честитки и новогодишни реквизити ќе оди подобро од лани.
Започна продажбата на новогодишните честитки и реквизити
М. Постоловски