64-годишен човек, Мајкл Масон, станал баба Мишел. Со тоа е најстарата личност во Велика Британија која го променила полот.
Мајкл бил оженет и има четири деца и единаесет внучиња. Со години сакал да го промени својот пол и на крајот успеал. Од 2006 година, до денес,имал седум операции за на крајот да стане она што сака, баба Мишел.
– Во детството бев воодушевена од женската облека. Секој пат плачев бидејќи мама ме облекуваше како момче – вели Мишел.
Мајка му како дете го пратила во средно училиште за момчиња и таму запознал девојка со која подоцна се оженил како Мајкл. Тоа биле години во кои не се зборувало за транвестити, па Мишел молчела и трпела во себе. Се до денеска, бидејќи конечно го остварила својот сон. Се развела од сопругата и се заљубила во 70-годишен советник. Се надева дека наредната година ќе живеат заедно.