Ед Пинсон (63) препливал 2.5 км во осум часа откако два големи бранови го превртеле неговиот брод за да ги спаси своите двајца пријатели и 14-годишниот внук кои не знаеле да пливаат. Бродот најпрво бил погоден од два брана, па се превртел. Четирите патници имале само два елеци за спасување.


– Помислив дека можеби е веќе време да одам горе. КОга и да застанев да се одморам, брановите ме враќаа назад-раскажува Ед кој пливал цела ноќ. Кога сонцето почнало да излегува, успеал да доплива до пристаништето и да повика помош за своите пријатели кои цела ноќ ја поминале држејќи се за превртениот брод. Сите се спасени, а Ед наскоро планира да му се врати на морето.
– Подобро да имам лош ден на море, отколку добар на работа, бидејќи на работа никогаш немаме добри денови.-заклучил Ед.