ЈОУДГ„Јасна Ристеска“oд Охрид со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и општина Охрид, спроведува програма за здрава храна, во чии рамки денеска ќе го одбележи Светскиот Ден на здрава храна.
За таа цел ќе бидат реализирани низа активности во сите објекти во установата, а во Централна градинка ќе биде презентирана Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст за процесот на одгледување и консумирање здрава храна.
Исто така заедно со родителите на децата во еден од маркетите во Охрид ќе се спроведе акцијата „Умните деца пазаруваат умно“, по што ќе се одржи подготовка на здрава храна во занималните, а ќе има моделирање и цртање на здрава храна од страна на дечињата.
OhridNews