Во рамки на активностите за спорт на отворено, дечињата од објектот „Билјана“ при охридската детска градинка „Јасна Ристеска“, денес, беа во неколкучасовна прошетка на плажата во Славија.
Најмладите на возраст од четири до пет години, предводени од воспитувач Тања Танеска и неговател Лилјана Ѓургиноска, играа и се забавуваа на крајбрежјето, по што имаа и посета на хотел Тино каде беше обезбеден и ручек за најмладите гости.
Од градинката упатуваат благодарност до превозникот Пупе компани и хотел Тино, за поддршката при реализација на денешните активности.
OhridNews