Екипата на Дебрца е првиот финалист во Општинскиот куп откако во 1/2 финалето со 2-1 го совлада тимот на Лакочереј.


Лакочереј имаше предноста по првите 45 минути со голот на Ранко Матески. Дебрца во вториот дел изедначи и победи со погодоците на Стефан Донески и Ѓуро Мурџоски.

Противник на Дебрца во финалето ќе му биде подобриот од вториотполуфинале дуел меѓу Сатеска – Охрид кој ќе се одигра вторник во 17 часот.

OhridNews