Локалната самоуправа на Дебрца од ЕВН Македонија бара да се подобри снабдувањето со електрична енергија во општината. По прекинот  на електричната енергија околу новогодишните празници како последица на обилните врнежи од снег кога дојде до оштетување на далековод кај Песочан , жителите и понатаму се соочуваат со повремени прекини на снабдувањето со електрична енергија.

По интензивните врнежи од снег кога со недели немавме струја и сега многу често  доаѓа до прекин во снабдувањето. Очигледно нешто не е во ред со мрежата, електричните столбови се стари , голем број од нив паднаа кога имаше многу снег. Мора нешто да се преземе да се инвестира и обнови мрежата за општината непречено да се снабдева со електрична енергија, велат жителите.

Градоначалникот Игор Трајкоски информира дека до ЕВН Македонија и владата ќе биде испратено писмено барање со цел проблемот што поскоро да биде решен.

Т.К.