Здружението на граѓани Проактива од Скопје во соработка со Општина Дебарца деновиве одржаа дебата на тема енергетска ефикасност. На дебатата беше презентирана програмата за енергетска ефикасност на општина Дебрца 2014 -2016 година,презентиран беше проектот за енергетска ефикасност кој е спроведен во соработка со Здружението на граѓани Проактива .

На состанокот присутни беа преставници на Основното образование преставници на фотоволтаични централи кои истакнаа дека општина Дебрца има најповолни услови за искористување на Сончевата енергија.

Преставниците на општина Дебрца се изјаснија дека ќе продолжат со вакви проекти се со цел исполнување на програмата за енегетска ефикасност.

OhridNews