Екипите на Дебрца и Лакочереј ќе ги предизвикаат членовите во Третата лига, Сатеска и Охрид во 1/2 финалето од Општинскиот фудбалски Куп.


Дебрца и Лакочереј успешно ги минаа четвртфиналните противници Воска односно Рудар совладувајќи ги со 2-1 односно 3-1.

Во 1/2 финалето на терените од екипите кои доаѓаат од Општинската лига силите ќе ги одмерат Дебрца – Сатеска и Лакочереј – Охрид.

Победниците од 1/2 финалните пресметки ќе се сретнат во финалето кое години наназад традиоционално се игра на „Атина Бојаџи“.

Освојувачот на трофејот во Општинскиот куп обезбедува директен пласман во Купот на Македонија следната сезона.

OhridNews