Ноќеска во 00.40 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се 26-годишен жител наа селото Слатино, општина Дебрца и 25-годишен жител на струшкото село Биџево.
Тие, претходно во, а потоа и надвор од објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со викање, агресивно однесување и меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Исто така ноќеска во 03.45 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведен 24- годишен жител на селото Злести, општина Дебрца.
Тој, бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
OhridNews