Фудбалерите на Дебрца ја освоија титулата во Општинската фудбалска лига победувајќи во баражот кој се играше изминативе недела дена на СРЦ „Билјанини Извори“.
Дебрца во финалето на завршниот турнир од најдобрите екипи од ОФЛ ја совлада екипата на Св. Петар со 2-0. Стрелци на голови беа Васко Тасески и Томе Блажески.
За влез во финалето Дебрца беше подобра од Рудар, додека Св. Петар славеше против Воска. Дебрца со освоена титула обезбеди пласман во Третата МФЛ и друштво ќе им прави на Сатеска и Лакочереј кои опстанаа во лигата.
OhridNews