Граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за целиот сообраќај, без никакви ограничувања, објави во 17 часот владата на Хрватска на Твитерр, пренесува „Макфакс“. Премиерот на Србија Вучиѓ, пак, во интервју за ХТВ најави дека вечерва Србија ќе ги деблокира граничмните премини кон Хрватска.
Хрватска претходно од полноќ кон понеделникот ја затвори својата граница со Србија за товарен сообраќај и за автомобили со српски регистарски таблички кај преминот Бајаково, кој единствен на оваа граница остана отворен од почетокот на бегалската криза.
Сé уште за целиот сообраќај се затворени граничните премини со Србија – Илок, Илок 2, Принциповац, Принциповац 2, Ердут и Батина.
Претходно загрепските и белградските медиуми објавија дека под притисокот од Европската унија и хрватските бизнисмени, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ се согласил во следните неколку часа да ја отповика одлуката за блокада на границата со Србија.
Наводно механизмот за отповикување на одлуката за деветодневната блокада на границата бил покренат уште во четвртокот во текот на телефонскиот разговор на Милановиќ со шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.
Брисел денеска соопшти дека Европската комисија од Хрватска бара итни објаснувања во врска со блокадата на границата со Србија, бидејќи нејзините првични процени покажуваат дека станува збор за „сериозни прашања во врска со компатибилноста со Спогодбата за стабилизација и придружувања меѓу ЕУ и Србија и со Царинската унија“.
Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, изјави во петокот во Белград дека е многу загрижен од ситуацијата на српско-хрватската граница и апелираше владаа во Загреб да ја повлече одлуката за блокадата, оценувајќи дека тоа е интерес на западен Балкан во целина.
Хан на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека лично видел колона камиони по должината на автопатот кон границата со Хрватска и истакна дека ситуацијата може да се надмине единствено со отстранување на блокадата на границата, и ори за тоа „нема алтернативи“.
OhridNews
извор:„Макфакс“