Шведскиот арбитар Андреас Екберг ќе ја дели правдата на дуелот Македонија – Австрија, кое ќе претставува деби за нашата селекција на Европските првенства.
Швеѓанецот со знакот на ФИФА е од 2013 година и еден од поискусните арбитри на Европско првенство. Асистенти на Екберг ќе му бидат сонародниците Мехмет Кулум и Штефан Халберг, а четврти судија ќе биде Русинот Сергеј Карашев. За сомнителните одлуки во ВАР собрата ќе биде Германецот Бастијан Данкерт.
На вториот меч од нашата група, дуелот меѓу Холандија и Украина, главен судија ќе биде Феликс Брих од Германија.
Македонија со Австрија игра в недела, со почеток во 18 часот.
OhridNews