Освежување и свежа крв ќе се обиде селекторот Мирсад Јонуз да внесе во македонската фудбалска репрезентација. Трендот на подмладување на репрезентација и проширување на спектарот на фудбалери продолжува и за мечот со Катар  на “Филип Втори“


Дебитанти во составот се Марио Ѓуровски и Глигор Глигороски, додека шанса ќе чекаат и повратниците Попов и Савиќ . По настапот на мечот со Нигерија, напаѓачот на куп освојувачот Работнички, Душан Савиќ повторно има шанса да го облече дресот со националниот грб.

Му се заблагодарувам на селекторот на повикот во националниот тим, овај повик за мене ќе биде само поголем мотив да продолжам со работа. За тоа што сум овде во секој случај заслужни се моите соиграчи од Работнички, бидејќи тимот ги исфрла на површина поединците. Атмосферата во репрезентаивниот табор е одлична, познавам неколку играчи до младата репрезентација, а и овие постарите супер не прифатија – рече Савиќ.

Како награда за досегашните залагање во младата репрезентација и одличните партии во Силекс, Глигоровски го заработи првиот повик во “А“ тимот.

– Голема чест мие што сум дел од тимот за пријателскиот натпревар со Катар. Ова за мене е непроценливо искуство, огормен е мотивот со кој ги одработувам тренизите во Охрид. Одлично сум примен од групата која е фантастична и се работи за прекрасни личности и презадоволен сум од соработката со стручниот штаб – говори во суперлативи Глигороски еден од двајцата дебитанти во тимот на Јонуз.

Уште еден Ѓуровски ќе го облече дресот на македонската репрезентација. По стапките на својот татко Милко и тетин  Бошко, така и Марио ќе биде дел од македонската фудбалска историја. Тој  му се заблагодарува на селекторот Јонуз за повикот во националниот тим, смета дека оваа селекција има квалитет да направи чекор напред во квалификациите:

 
Чест и задоволство ми е што сум дел од македонската фудбалска репрезентација. Овде сум одлично прифатен и без разлика дали ќе настапам на мечот со Катар се надевам дека ова нема да биде последен повик и дека и понатаму ќе бидам дел од македонската репрезентација – рече Ѓуровски

М.П.