По победата од 1-0 против Азербејџан, селекторот на националниот тим на Македонија Бобан Бабунски беше задоволен не само од резултатот туку и од играта особено во второто полувреме.Посебно Бабунски кој е селектор на репрезентацијата до 21-година која ја очекуваат тешки квалификациски средби од Октомври за следното ЕП, беше задоволен од залагањето на младите репрезентативци кои добија шанса на оваа средба:


– Ова беше вистински „првенствен” натпревар во кој обата тима се обидоа да се наметнат со добра , борбена игра и пред се желба за резултатска предност. Азербејџан во чии редови играат фудбалери кои се во ритам поради стандардната игра во првенството беше многу поагресивен во првото полувреме но во второто квалитетот дојде до израз и мислам дека имавме многу позрели прилики дури и за поубедлива победа. Пред се мило ми е што младите репрезентативци ја искористија својата шанса и се надевам дека ќе паметат и ќе вратат со добра игра кога ќе ни биде најпотребно, во Октомври на стартот на квалификацискиот циклус за ЕП за фудбалери до 21-година против Србија.


– Мислам дека и за новиот селектор Џон Тошак оваа средба е значајна од повеќе аспекти. Фудбалерите ја вратија атмосферата во тимот во вистинско време. Поискусните одлично ги искординираа помладите кои пак со својот квалитет ќе ја засилат конкуренцијата. Сигурно дека колегата Тошак го гледал натпреварот како и некои други квалификациски средби на нашиот тим, дека прави анализа и се подготвува за продолжението од квалификациите. Сигурно дека информации му се потребни за да направи концепција.. Јас сум тука да му помогнам од секој аспект, посебно ако бара информации за играчите. Тоа е моја обврска и ќе ми биде чест да соработувам со таква фудбалска и тренерска величина како Тошак -изјави по средбата Бабунски.

Ohridnews