Македонската фудбалска репрезентација со победа ја започна операцијата “Евро 2012“. Во првиот пријателски натпревар во новиот циклус избраниците на Јонуз со 3-1 ја совладаа репрезентација на Азербејџан.
Резултатот во осмата минута го отвори Иван Тричковски кој го постигна својот деби погодок во “црвено – жолтиот дрес“, на 2-0 зголемивме во 66 минута по авто голот на Садјгов. На деби погодок во својот прв настап се радуваше и Марио Ѓуровски кој во 90 – та минута погоди за 3-0. Почесниот гол за Азербејџан беше дело на Мамадов во судиското надоолнување.
Македонија во Австрија ќе одигра уште една пријателска средба и то во среда против селекцијата на Ромнија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com