Поранешниот голман на охридскиот ракометен клуб, Крсте Костески имаше деби за заборав во Макс Струмица откако неговата екипа претрпе убедлив пораз 50-16 (25-10) од Веспрем во регионалната СЕХА лига.
Бранителот на трофејот во регионалното натпреварување на стартот од мечот направи серија со која го оптиша и така слабиот состав на Макс Струмица.
Од минута во минута разликата на семафорот растеше за високи 36 позитива на крајот од мечот.
Голманскиот тандем на струмичани Димитров-Костески искомбинираа само четири одбрани, а Мирко Алиловиќ на голот Весрем имаше 22 успени интервенции.
Најефикасен во составот на Макс Струмица беше екс ракометарот на Охрид, Борче Соколов со шест постигнати голови.
Макс Струмица останува закована на дното од табелата без победа и со 16-ет порази во 18 мечеви.
OhridNews